Јовановиќ- Македонија со најскапа струја во Европа

0
121

Професорот Бранимир Јовановиќ и поранешен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски за ТВ24 вели дека револтира начинот што ваква одлука се носи преку ноќ, без никаква дебата и предпразнично. Тој бара одговорност.

„Ова се податоци од Евростат, не се податоци кои се нерелевантни. Цена на 1 мегават – час електрична енергија кај нас чини околу 20 проценти од месечната плата во државата. Просечната плата е околу 400 и нешто евра. Во Хрватска тој процент е 17, значи многу помалце од кај нас. Во Грција тој процент е 12. Во Велика Британија тој процент е 7. Исланд има најефтина струја во Европа и тој процент е само 3 отсто. Единствено Романија има 21 процент. Бугарија слично како кај нас. Тие се државите што имаат најскапа струја. Ние, Бугарија, Романија. Сите други држави имаат многу поефтина струја“ – вели Јовановиќ.