1 милион заразени во Африка со коронавирус

Бројот на нови случаи на коронавирус во Африка се зголеми за 13.996, на 992.477, соопшти регионалниот огранок на Светската здравствена организација.

Според податоците на СЗО, во изминатите денови починал 501 човек, па вкупниот број на смртни случаи на овој континент се зголемил на 21.599.