16 годишно момче се удави во Преспанското езеро

Момче на возраст од 16 години доцна попладнево се удавило во Преспанското езеро во Претор. Од МВР потврдуваат дека инцидентот го пријавиле од Итната медицинска помош во полициската станица Ресен.

Во 18,18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби, соопштуваат официјално од МВР.

Како што пишува Нова Македонија повикувајќи се на очевидци момчето се удавило додека тој со уште двајца други се возеле на педалинка