Бугарија: 255 новозаразени, починале четири лица

Во Бугарија во последните 24 часа меѓу 5.074 спроведени тестови на коронавирус, резултатот бил позитивен кај 255 случаи.

Во истиот временски интервал од последиците не Ковид-19 починале уште четири лица, пренесе „БТА“.

Бројот на пациенти кои се излекувале од Ковид-19 е зголемен за 119 на 14.132.

Вкупниот број заболени во Бугарија изнесува 19.828, а починале 789.

Активни случаи во овој момент има 4.907. На болничко лекување се наоѓаат 782 пациенти, а 36 се на респиратори.