Мицкоски: Изборот е СДСМ или вистината, или Македонија, или мафија

Мафијата не е посилна од вистината. Изборот е СДСМ или вистината. Или Македонија, или мафија. Изборот на овој народ е Македонија!

Опаметете се! Делчев е нашиот последен бастион, Делчев е нашата тврдина, Делчев е нашиот Мечкин камен и нема да отстапиме ниту педа, ниту милиметар од Делчев, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по синоќешниот протест посветен на одбрана на македонскиот револуционер.