Пазарни инспектори нападнати во Тетово

МВР информира дека денеска во Полициска станица Тетово, Ф.И.(40) од с.Џепчиште, Г.А.(38) од с.Слатино и И.И.(31) од Тетово во својство на службени лица од Државен пазарен инспекторат во Тетово пријавиле дека околу 01.10 часот додека преземале службени дејствија за контрола на работно време во угостителски објект на ул.Борис Кидрич во Тетово биле омаловажувани од С.А. од Тетово, кој агресивно се однесувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот