Протест во Бутел за изградба на поликлиника, блокирана главната крстосница

Општина Бутел има едно крајно руинирана амбуланта која што е пред распаѓање, истата таа амбуланта опслужува повеќе од 60.000 жители. Во ек на пандемијата од Ковид-19 ни сме дополнително загрозени со не можноста да оствариме минимални здравствени услуги

Сегашната амбуланта нема лекарски капацитет, и е сместена во бараки стари речиси 60 години, а паркингот и влезот пред амбулантата се полнат со вода при најмал дожд, додека пак од другата страна отворен е див пазар за ајварски пипер.

Канал 5 стапи во контакт со градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, кој вели дека го разбира незадоволството на граѓаните и дека веќе од почетокот на идната година ќе почне изградбата на поликлиника, а до нејзината изградба ќе се ослободат капацитети, наменети за лекување кои ќе им бидат на располагање на граѓаните.

-Граѓаните во тој дел се во право, но многу е жално на цела територија да нема нацртано ниту една локација за амбуланта или поликлиника. Во моментов документите и промената на дупот се во Град Скопје и мислам дека за еден месец ќе се среди со документацијата.- Велимир Смилевски – градоначалник на општина Бутел.

Смилевски се сомнева дека иако граѓаните се ве право, протестот според него има и политичка позадина.

Со ситуацијата е запознаен и министерот за здравство Венко Филипче кој денеска информираше дека ќе се реконструираат неколку поликлиники во Скопје, наредниов период, а меѓу нив е и амбулантата во Бутел.