Со нож и секира ја убил својата сопруга,

Гостиварец е осомничен дека со нож и секира ја убил својата сопруга, по што избегал од местото на настанот.

Случајот бил пријавен утрово.

Од Основното јавно обвинителство во Гостивар соопштија дека дежурен обвинител, во координација со екипа на крим-техника од МВР, пренесува 360 степени, извршил увид на местото каде што е пронајдено мртво тело на жена.

Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот ја нападнал оштетената, па со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото.