(Видео)Албански клан господарел со кокаинот во Европа: Картелот “Компанија бело” разбиен во 10 земји, од Еквадор до Холандија

0
122

Внимателно координираната полициска операција во 10 земји разбила албански организиран криминален синдикат кој шверцувал кокаин од Јужна Америка во Европа и довела до апсење на 20 осомничени, соопштила денес полициската агенција на ЕУ.

Бандата, позната како “Компанија Бело” била една од најактивните европски мрежи за шверц на кокаин, наведува Европол, кој помагал во координацијата на низа рации на стотина полицајци во вторникот, кои довеле до апсења во петгодишната истрага која ја предводеле Италијанците.

Групата е необична во масовната меѓународна трговија со дрога по тоа што го контролирала секој аспект на ланецот на снабдување, од организирана испорака на дрогата од Јужна Америка, до дистрибуција ширум Европа, рекол Јари Лиуки, директор на Европскиот центар за тежок и организиран криминал при Европол.

Бандата дрогата ја пренесувала во автомобили со скриени оддели, каде ги криела и парите. Бандата користела и криминалци од кинески организации, за да може да ги пере парите, се наведува.

Во текот на петгодишната истрага, 84 други членови на бандата биле уапсени во Италија, Еквадор, Холандија, Велика Британија, Швајцарија и Германија.

Полицијата во текот на истрагата запленила речиси четири тони кокаин и повеќе од 5,5 милиони евра во кеш.

Осомничените се соочуваат со обвиненија кои вклучуваат меѓународна трговија со наркотици и убиства

https://twitter.com/i/status/1306522104054116354