Бислимовски: Нема да има корекција на цената на струјата, но ќе има помош за сиромашните претплатници

0
159

Првиот човек на регулаторна вели дека корекација нема да има на цената на струјата, но најави можност да им се помогне на социјално најзагрозените.

-Вчера одржавме состанок со претставници на синдикати и ние како РКЕ се договоривме да им дадеме целосна логистичка поддршка во натамошни разговори кои би ги правеле со Владата во однос на зголемување на бројот на ранливи категории потрошувачи кои би можеле да користат дополнителни средства за заштита од енергетска сироматштија. Во текот на наредна недела ќе одржиме уште еден состанок на кој ќе бидат поканети и претставници од НВО кои пртоестираат, на кој уште еднаш ќе ги презентираме нашите видувања како овој удар од зголемувањето на цената на електрична енергија би бил што е можно помал врз граѓаните. При тоа, ние сме на став дека треба да се зголеми бројот на ранливи категории потрошувачи што треба да добиваат соодветна помош за заштита од енергетска сиромаштија. Инсистираме тоа да се однесува исклучиво на потрошувачи што имаат проблеми, а за оние што немаат реално проблеми сметаме дека нема потреба да се обезбедува дополнителна помош за заштита од енергетска сиромаштија, истакна Бислимоски.