Владата за бугарскиот меморандум – „навреди не водат кон пријателство

0
120

Во бугарскиот документ се бара државата да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и се тврди дека Македонија е творба на Тито а јазикот норма на бугарскиот

СКОПЈЕ – „Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите од нашето почитување на европските вредности и принципи. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка е одраз на взаемното почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни“. Ова е ставот на Владата по објавувањето на меморандумот доставен од официјална Софија до Брисел и земјите членки на ЕУ која се однесува на Северна Македонија.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија создава правна рамка и нуди инструменти за менаџирање на билатералните прашања а македонската Влада е посветена на неговата имплементација.

„Со Република Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи, меѓусебната соработка и да градиме пријателство“, соопштија од Владата за МИА