Власта на СДСМ предводена од Зоран Заев сè што фати во државата исуши

0
115

Власта на СДСМ предводена од Зоран Заев сè што фати во државата исуши, па така и нивото на водата во Охридското Езеро кое за овој период е во алармантна состојба. Дали Охридското Езеро за СДСМ е вештачка акумулација, па да можат со ЕЛЕМ безмилосно да го празнат за производство на електрична енергија? Дали недостатокот на јаглен придонесува за ваквото поигрување со Охридското Езеро како да е вештачка акумулација? Градоначалникот Константин Георгиески да одговори што се случува со ниското ниво на водата во езерото? Пратеничката Жаклина Лазаревска сега молчи за несовесното и неодговорно однесување кон Охридското Езеро. Власта наместо како природен ресурс езерото го третира како акумулација за производство на електрична енергија. Лицемерно за личен профит го опустошија езерото, но затоа ја поскапеа струјата.
Пецаков: Власта се што фати исуши, па така и нивото на водата во Охридското Езеро