ВМРО-ДПМНЕ: ВЛАДАТА НАПРАВИ КОЛАПС НА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ, НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА НЕ ИЗДРЖА НИ 30 МИНУТИ

0
115

На два дена пред стартот на учебната година системот за онлајн настава падна, владата направи целосен колапс на образованието – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозиционерите, покрај проблемите со користењето на националната платформа, дополнително и над 40 илјади деца во земјава нема да можат да следат онлајн настава бидејќи немаат компјутер со потребните спецификации.