ВМРО-ДПМНЕ во среда ќе го одржи првиот протестен марш од Министерство за правда до Регулаторна

0
98

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека партијата започнува со протести, кои ќе се оддржуваат во следниот период….
ВМРО ДПМНЕ од среда во 18 часот излегува на протести – серија марширања најави претседателот на партијата Мицкоски кој вели дека главниот повод е покачената цена на струјата. Ќе тргнат од Министерството за правда па до Регулаторната комисија, за која рече дека е маша на власта, а освен членството на ВМРО ДПМНЕ, ги повика и другите партии на опозициски фронт.

„Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме. Можеби имаме различни гледишта и концепти, но нѐ обединува сиромаштијата. Со активен отпор на улица и да протестираме за секоја тема што ги мачи граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада, богати мафијаши, а сиромашен народ. Мафијата не се урива со една битка, туку со многу битки и труд. Ова е почеток на нивниот крај. Ние оттука тргнуваме. )

Освен за враќање на старата цена на струјата, Мицкоски рече дека на улица излегуваат поради економските политики на власта. Со падот на бруто домашниот производ на -12,7 отсто, вели дека државата влегува во рецесија. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ ја обвини владејачката коалиција СДСМ- ДУИ за криминални зделки преку доделување на земјишта на бизнисмени блиски до нив.

„Потрошија една милијарда евра, а притоа резултатите се негативни, невработеноста се зголемува, бизниси капитулираат, извозот е во минус, а денес имаме историски најлош пад на бруто домашниот производ, потсетувам во времето на конфликтот во 2001 година ова го немавме. не чекаат уште потешки времиња во економијата, должничко сценарио и раст на сиромаштијата. Десетици илјади наши сограѓани кои ќе останат без работа.

Какво ќе биде темпото на протестите, Мицкоски вели дека зависи од постапките на власта. Најави дека ќе бидат мирни протести, за да се исправат, како што вели социјалните или националните неправди. Паралелно рече дека опозицијата ќе се бори против власта и институционално, преку Парламентот.