ВМРО-ДПМНЕ во среда ќе го одржи првиот протест против поскапувањето на струјата

0
112

ВМРО ДПМНЕ од среда во 18 часот излегува на протести – серија марширања најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски кој вели дека главниот повод е покачената цена на струјата. Протестот ќе почне од Министерството за правда па се до Регулаторната комисија, за која Мицкоски рече дека е маша на власта, а освен членството на ВМРО ДПМНЕ, ги повика и другите партии на опозициски фронт.

,,Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме. Можеби имаме различни гледишта и концепти, но нѐ обединува сиромаштијата. Со активен отпор на улица и да протестираме за секоја тема што ги мачи граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада, богати мафијаши, а сиромашен народ. Мафијата не се урива со една битка, туку со многу битки и труд. Ова е почеток на нивниот крај. Ние оттука тргнуваме. )

Какво ќе биде темпото на протестите, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски вели дека зависи од постапките на власта, а паралелно вели ќе се спротивстават и преку Собранието. Повикот да се излезе на улица, премиерот Заев го нарече фрустрација на опозициската партија и уверува дека Владата ќе стори се во наредниот период за да нема незадоволство кај граѓаните.

,,Поривот што го гледам кај опозицијата е фрустрација зошто не се власт. Без да дадат време да се види колку ќе бидеме успешни се гледа една грозотија од фрустрација – зошто не се власт.

Освен за високата цена на струјата, опозициската ВМРО ДПМНЕ се противи и на економските политики на власта. Со падот на бруто домашниот производ на -12,7 отсто – велат дека владината коалиција ја носи државата во рецесија.