Во ноември новата конзола Сони 5, еве колку ќе изнесува

0
204

Јапонската компанија објавила дека новата генерација на конзолата ќе чини 499,99 американски долари за верзијата со диск-драјв и 399,99 долари без драјв, објави Ројтерс.

Новата конзола ќе се појави на пазарите во САД, Јапонија, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на 12 ноември, додека ќе биде достапна во другите делови на светот седум дена подоцна – на 19 ноември.

„Сони“ ќе се приклучи на трендот на „покачување“ на цените, бидејќи наведе дека игрите за PS5 ќе чинат 70 долари наместо досегашните 60.