Во полошко маски не носат и во јавен превоз

0
113

Засилени контролите врз возилата кои вршат јавен превоз во полошко. Регистрирано е дека голем дел од лицата кои користат ваков превоз, не ја почитуваат владината уредба, односно не носат заштитна опрема. Граѓаните не носат заштитни маски и во затоврени простории и на места каде не може да се одржува социјална дистанца
Секторот за внатрешни работи Тетово неделава значително ги засили контролните активности кои се однесуваат на користење заштита на лицето во возила, патнички, комбиња и автобуси, а кои континуирано се реализираат неколку месеци наназад. На сите кои не ја почитуваат, односно не се придржуваат на владината Уредба со која се регулира задолжителното носење на заштита на лицето, на начин и место утврдени со истата, им се изготвуваат поднесоци.

Од стапувањето во сила на оваа Уредба, односно од нејзината практична имплементација, изготвени се вкупно 5276 поднесоци за некористење заштита, најмногу во возила, од кои 3676 на тетовското и 1600 на поширокото гостиварско подрачје.

Секторот за внатрешни работи Тетово им укажува на возачите и другиот работен персонал во комбиња или автобуси стриктно да се придржуваат на Уредбата за која станува збор и да не превезуваат лица без заштитни маски, но и повеќе од максимално дозволениот број на патници. Зошто, во спротивно возилата ќе бидат исклучени од сообраќај и ќе им се изготват поднесоци, не само на физички, туку и на правните лица.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (16.09./17.09.) за неносење заштитни маски на вкупно 54 лицa (ТЕ-34 и ГВ-20) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје на 20 лица (ТЕ) и 1 лицe (ГВ) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а контроли им биле извршени на ТЕ-208 и ГВ-115 лицa со вакви решенија и при тоа не било утврдено непочитување на решенијата.