Врховниот суд одлучи Јанкуловска и Груевски треба да одат во затвор

0
242

Врховниот суд ги одби поднесените барања на осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“ и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје.

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор и тој веќе е на издржување на казната.

Второобвинетиот, поранешен премиер Никола Груевски како поттикнувач за сторување на делото е осуден на две години затвор.

Апелациониот суд Скопје откако делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ и ја намали казната затвор од шест на четири години.