Гренел: Локхарт е лут за договорот меѓу Србија и Косово

0
102

Ричард Гренел му одговори на Џо Локхарт, портпарол на поранешниот американски претседател Клинтон, за договорот потпишан во Белата куќа помеѓу Косово и Србија.

Локхарт во својот твит напиша дека потпишаниот договор е погрешно претставен и затоа го немал вниманието на медиумите.

Гренел возврати оценувајќи дека поранешниот портпарол очигледно сака конфликтот да продолжи.

“Портпаролот на Бил Клинтон е лут што Косово и Србија се договорија за чекори за економска нормализација. Тој очигледно сака конфликтот да продолжи”…

Гренел додаде дека решавањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина е врвен приоритет на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.