Груби за Сител: ДУИ бараше уривање на објектот пред Мавровка

0
103

Првиот вице премиер Артан Груби вели дека уривањето на дивоградбата пред Мавровка било пред изборно барање на ДУИ. Тој во гостувањето на дневникот на Сител порача дека мора да владее правдата.

– Не ја донесе премиерот оваа одлука, ја донесе владата како колективно тело и тоа беше дел уште од преговорите како наше барање. Приоритет ќе ни биде владеење на право и неселективна правда, рече Груби.

Запрашан дали ќе има постапка и за платформите на Матка и во Охрид за дивоградбите на членот на ДУИ Нефи Усеини, тој вели дека по таква една логика треба да започнат со партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

-Апсолутно секако, мора да се почитува законот и ке видите апсолутен фокус на неселективна правда, ако има незаконско изградено седиште на партија, ако има дивоградба во Тетово, Гостивар, Струга ќе има постапка. Амам многу е важно да не постапува партијата туку тоа да го прават институциите, рече Груби во гостувањето на Сител.