Груби – следна дивоградба која треба да се урне е терасата на ВМРО ДПМНЕ

0
172

Не ја донесе премиерот оваа одлука, ја донесе владата како колективно тело и тоа беше дел уште од преговорите како наше барање. Приоритет ќе ни биде владеење на право и неселективна правда“, рече Груби.

Запрашан дали ќе има постапка и за платформите на Матка и во Охрид за дивоградбите на членот на ДУИ Нефи Усеини, Груби изјави дека според тоа прва дивоградба за рушење би била терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и дека би требало да се тргне по тој редослед.

„Апсолутно секако, мора да се почитува законот и ќе видите апсолутен фокус на неселективна правда, ако има незаконско изградено седиште на партија, ако има дивоградба во Тетово, Гостивар, Струга ќе има постапка. Но, многу е важно да не постапува партијата туку тоа да го прават институциите. Си има суд, Обвинителство, Градежен инспекторат“, смета Груби.

Тој исто така изјави дека денес бил присутен и извршил инспекција на уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“, при што разговарал и со работниците кои се нашле на местото.