Грција се вооружува и го зголемува бројот на војници

0
101

Грција ќе ја зајакне својата војска со нови програми за вооружување, ќе го зголеми бројот на војската и ќе го унапреди развојот на одбранбената индустрија, изјави владиниот портпарол Стелиос Пецас.

Грција во моментов, заедно со Кипар, е во голем спор со Турција околу правото да бара енергија во источниот Медитеран.

Грција и Турција испратија поморски и авијациски сили во регионот, пренесува Танјуг.

„Турското раководство се заканува со војна скоро секој ден и издава провокативни изјави против Грција“, рече Пецас.

Тој додаде дека Грција одговори со политичка, дипломатска и оперативна подготвеност и е решена да стори сé што е потребно за да ги заштити своите суверени права.

„Ние сме во контакт со пријателски земји за да ја зајакнеме опремата на нашите вооружени сили“, рече Петсас.