Дали владиниот предлог ќе ги предомисли лозарите да не протестираат

0
95

Неизвесен протестот на лозарите. Дел задоволни од владиниот предлог, плус 2 на веќе ветените 2 денари за килограм предадено грозје – со што би се достигнала ланската откупна цена – дел се незадоволни. Покрај државната помош од 4 денари, бараат повисока откупна цена од самите винарии.

Премиерот Заев денеска во Кавадарци побара разбирање од лазарите за состојбата. Намалената побарувачка на вино поради КОВИД пандемијата им остави огромни залихи на винарниците. За да го откупат целиот род и да им ја дадат договорената цена, државата дополнително ќе ги стимулира.

-Дополнително остануваме на супституција на транспортот, односно околу 20 проценти на транспортните трошоци на наливното вино, 30 проценти на супституција на транспортните трошоци на флашираното вино. Ја отворивме и новата можност кон сите откупувачи да можат да окупат винско грозје и да го извезат како винско грозје. Тоа е стимулативна мерка која денеска е понудена. Ако откупат 12 милиони килограми, ќе добијат два денари субвенција, ако се откупат и извезат меѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат три денари, а доколку откупат повеќе од 25 милиони килограми, директно ќе добијат четири денари, изјави Заев.

Проблемот пред стартот на откупот на грозје настана кога една винарница понуди откупни цени од 7,5 денари за килограм, и покрај договорените од 9 за смедеревка и 11 за вранец. Токму таа винарија е најголемиот откупувач и во тиквешијата, со која премиерот најави дека утре ќе се сретне.
Извор Сител