До среда сончево и топло

0
102

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура до 35 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. В четврток се очекува развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.