Заев: Четвртиот пакет мерки предвидува грантови и за рестораните за свадби, игротеките, како и исплата на плати за три месеци во вредност од 70 милиони евра

0
134

Новиот пакет има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните транфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат во спроведување на брз излезна стратегија кога кризата ќе заврши за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија. Поддршката за граѓаните и стопанството продолжува и никој нема да биде изоставен. Ги имаме предвид сите дејности и сите компании“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција по завршување на 6 владина седница промовирајќи го Четвртиот пакет економски мерки.

Во четвртиот пакет антикризни мерки предвидени се и грантови. Ќе ги добијат туристичките агенции, игротеките, рестораните за свадби…

Премиерот Зоран Заев рече дека 500 туристички агенции ќе добијат вкупно 1,9 милиони евра, а грантот ќе биде од 3.000 до 7.000 евра за сите турситички агенции.

Грантови ќе добијат ресторани за свадби кои не работат, а помошта ќе биде од вкупно еден милион евра или од 3.000 до 10.000 евра за ресторан.

Планирани се пари и за игротеки од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварен промет или вкупно 2,5 милиони евра.