Заеднички ја исцртуваме стратегијата за да излеземе од кризата посилни и посплотени, изјави Заев од Атина

0
93

Во рамките на конференцијата организирана од еминентниот „Економист“ во Атина, премиерот Зоран Заев кој од вчера е во дводневна работна посета во главниот град на нашиот сосед, испрати обединувачка и охрабрувачка порака. Според Заев, само заедно мораме да ја исцртаме стратегијата за излегување од кризата без големи последици и само заедно можеме да го продлабочиме пријателството помеѓу европските народи.

-Првиот работен ден на конференцијата на угледниот „Економист“ во Атина го завршуваме со заедничка констатација дека во критични времиња, предизвикани од Ковид-19, народите од Европа мора да бидат здружени во справувањето со заканата по здравјето на граѓаните, на јавното здравје, на економијата и на општественото живеење. Заеднички ја исцртуваме стратегијата за да излеземе од кризата посилни и со продлабочено пријателство, напиша Заев на својот „Фејсбук“ профил.

Македонскиот премиер вчера имал средба со поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд и со поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас.