Изгореа канцелариите на Министерството за животна средина, пожарот се проширува кон вториот кат!

0
132

Канцелариите на Министерството за животна средина, лоцирани во зградата на поранешна Комерцијална банка се целосно изгорени во пожарот кој започна рано изутринава, дознава Алсат.

Огнената стихија во зградата во којашто е сместен и Секретаријатот за европски прашања почнува да се шири и кон вториот кат.

Пожарникарите се обидуваат пожарот да го стават под контрола.