Излетало возило, тешко повреден патник кај Врбјани

0
104

Синоќа во 22.35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с. Врбјани, 52-годишно лице од с.Грешница, управувајќи патничко возило „Цитроен Пикасо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот

Во незгодата, сопатникот (45) од с.Зајас, кичевско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, информира МВР