Казни од МВР за премиерот Заев и министрите Николовски и Филипче, никој не е над законот

0
111

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче, јавува Центар.

Премиерот Заев, вице-премиерот Николовски и министерот Филипче ќе треба да платат по 50 евра во денарска противредност, за сторен сообраќаен прекршок.

Ова е прв случај од осамостојувањето каде високи државни функционери се соочуваат со казни заради сообраќајни прекршоци.

„Министерот Оливер Спасовски на чело на МВР покажува дека ред, правда и дициплина мора да има, неселективно постапува, дури и кога тоа се однесува за сторен сообраќаен прекршок од страна на премиерот и министри во Владата. Никој не е над законите и како и во секоја демократска држава ова е сосема нормална постапка а кај нас се што е поврзано со правичност и праведност е особено добра вест за поздравување.“, велат од Центар.мк.

https://twitter.com/i/status/1307709633965023232