Компанијата Moderna ќе бара предвремено одобрување на вакцината за коронавирусот

0
213

Доколку се покаже дека експерименталната вакцина против Covid-19 којашто ја развива „Moderna“ е барам 70 отсто, од фармацевтската компанија планираат да побараат предвремено одобрување за нејзино ограничено користење кај високо ризичните групи, изјави извршниот директор Стенан Бансел.

Кандидатот за вакцина против коронавирусот кој го развива „Moderna“ под ознаката mRNA-1273, е близу елта и планира да го тестира на 30.000 луѓе, тврди Бансел.

Компанијата, меѓутоа, би можела да прогласи успех и пред доворшувањето на третата фаза од клиничките испитуваа доколку успее да докаже дека луѓето кои се вакцинирале минале многу подобр во испитувањето отколку од оние кои не биле вакцинирани.

Вакцините мора да покажат дека се најмалку 50 отсто поефикасни од плацебо препаратите за да дојдат предвид за разгледување за одобрување. Доколку вакцината се покаже особено ефикасна, одобрувањето може да се добие и побрзо.

Независна комисија за проверка на безбеднсота на вакцината првпат ќе ги разгледа податоците кои ќе ги даде „Moderna“, кога 53 испитаници ќе се заразат со коронавирусот. Во компанијата очекуваат тоа да се случи во ноември, но можеби уште во октомври. Доколу повеќето луѓе кои се разболеле добиле плацебо, тоа би значело дека вакцината ги штити оние кои се вакцинирале и би можело да биде доволен доказ за одобрување.

„Доколку вакцината се покаже ефикасна 70, 80 или 90 отсто, ќе размислиме за тоа да побараме одобрување“, рече Бансел во телефонско интервју за Reuters, додавајќи дека во тој случај би можело да се заштитат многу животи кај оние кои се изложени на најголем ризик, односно здравствените работници и старите лица.

Доколку вакцината не се покаже ефикасна по 53 заразени, стручната комисија ќе ги разгледа податоците откако ќе се заразат 106 испитаници и, во крајна линија, откако 151 испитаник ќе се зарази со вирусот.

„Moderna“, која досега воопшто нема развиена ниедна вакцина за пазарот, доби речиси милијарда долари од американската влада за развој на вакцината против Covid-19. Склучи договор и за продажба на вакцината на американската влада во вредност од 1,5 милиони долари.

Фармацевтската компанија „Pfizer“ во вторникот објави дека веќе собрала 29.000 луѓе за испотување на својата експерименталната вакцина од вкупно планираните 44.000 волонтери. Вакцината ја развива со германскиот партнер „BioNTech“. Двете компании очекуваат дека доволно податоци за ефикасноста на вакцината ќе имаат до крајот на октомври.