Корона, некорона – Охрид и овој викенд е полн

0
108

Многу топлото време за продолжениот викенд поради празникот 8 Септември го наполни Охрид уште еднаш оваа година, веројатно за последен пат летово. Границата кон Грција за македонските граѓани и натаму останува затворена поради корона кризата, па имало или немало страв од вирусот Охрид останува главна дестинација за оние што сакаат да побегнат од градската врева и грижите околу епидемијата.

Како што можете да забележите од нашите фотографии, на плажите на Охридското Езеро речиси никој не носи маска, во голема мерка така беше и низ самиот град, иако здравствените власти постојано предупредуваат дека личната заштита е најважна за да се спречи ширењето на вирусот. Веројатно и поради тоа што има малку внимание за личната заштита и носењето маски, бројот на заболените никако сериозно да падне – постојано е некаде на сто инфекции дневно и по неколкумина починати.

Еве како беше во Охрид за време на викендов според она што го снимија новинарите на „Независен“.