Кремљ: Мило ни е што Навални закрепнува, добредојден е во Русија

0
122

Кремљ порача во средата дека опозицискиот блогер Алексеј Навални може да се врати во Русија како и секој друг граѓанин, откако е отпуштен од болницата во Берлин која тврди дека е наводно отруен со нервен агенс.

На 42-годишниот опозициски активист на 20-ти август му се слошило на летот од Томск за Москва, по што авионот итно слетал во Омск каде на Алексеј Навални му е пружена првата помош, вклучително и за случај на труење. По два дена по инсистирање на семејството и владата на Германија, со авион беше пренесен во приватната клиника „Charite“во Берлин каде мина 32 дена на лекување, од кои 24 во индуцирана кома во која беше ставен уште при хоспитализирањето во Омск. Минатата седмица тој беше изведен од состојба на вештачки предизвиканата кома и неверојатно брзо успеа да закрепне од наводното труење со тешкиот боев отров познат како „новичок“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавил за новинарите во средата во Москва дека на руските власти им е мило што Навални закрепнува и дека е отпуштен од болница.

„Многу е добро доколку навистина пациентит се опоравува, ние му посакуваме брзо закрепнување“, изјавил портпаролот на Кремљ.

Истовремено, додал Песков, „не е планирана никава средба тука, освен доколку самиот пациент нема желба и намера со нашите органи за спроведување на законот да ги сподели информациите кои тој активно ги споделува со колегите во Германија и други земји“.

Во меѓувреме, поранешниот член на Комисијата за биолошко оружје при ОН, воениот експерт Игор Никулин, изјавил дека самиот факт што Навални е отпуштен од берлинската клиника само по 32 дена хоспитализација, укажува на тоа дека тој не бил отруен со отров од групата „новичок“.

„Сѐ друго спаѓа во категоријата шпекулации и претпоставки. Вклучително и фактот дека, можеби, и немало труење туку сето тоа е фалсификување“, рекол Никулин во коментар за сајтот Ura.ru.

Навални претходно на Instagram објави своја фоторгафија како седи на клупа во парк по отпуштањето од болницата. Во објавата наведува дека планира секој ден да оди на физиотерапија и дека ќе посетува рехабилитациски центар за да ги врати своите моторички способност, вклучитено и функционалното користење на левата рака.

Што мисли Путин за „новичок“
На истиот брифинг со новинарите во средата, портпаролот на Кремљ одговарајќи на прашање рекол дека сосема е неважно што претседателот Владимир Путин или неговите соработници мислат за „новичок“, бидејќи тие не се занимаваат со развој на хемиски супстанции, туку оти е важно колку таа супстанција е опасна и смртоностна.

„Сосема е неважно што претседателот Путин и неговото опкружување мислат за ‘новичок’ затоа што ниту претседателот, ниту неговите соработници, ниту се занимаваат со развој на хемиски средства, ниту се хемичари или воени хемичари. Важно е тоа што постојано го кажуваат експертите, вклучително и оние кои своевремено биле поврзани со производството на оваа супстанца“, изјавил Песков пред новинарите.

Од сето она што беше досега кажано од експертие и стручњаците, како што појаснил Песков, најважно е колку оваа супстанција е опасна и смртоносна, како и фактот што таа се синтетизира, ја синтезирале и може да се синтетизира во многи земји во светот во секој момент.

„И третата работа, што не е секогаш можна и често е невозможна, е да се утврди потеклото на оваа супстанција, бидејќи може да биде направена во различни лаборатории. Тоа го кажуваат експертите, тоа не може да го кажат соработниците на Путин, тие не се стручњаци“, додал Песков.