Мицковски- Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на крвавиот напад врз Палевски

0
138

Да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на крвавиот напад врз Љупчо Палевски, напиша на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки. Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина“, порача Мицкоски.