Мицкоски: Ова ќе биде еден од серијата протести против мафијата

0
110

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест на партијата против поскапувањето на струјата изјави дека ова е првиот од серија протести што ќе се одржуваат против, како што нагласи, мафијата.
– Протести кои треба да го докажат гневот на народот за она што се случуваше изминатите месеци и поткупените протести. Ова ќе бид еден од серијата протести против мафијата на Илинденска. За нив се има цена. За нас, честа, моралот и достоинството се најважни. Кога неправдата станува закон, отпорот и протестите ќе продолжат и понатаму,иави Мицкоски пред Регулаторната комисија за енергетика. зј

Тој извади и фотографија од претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, велејќи дека кога збори тој човек, зборува премиерот Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека имаат неколку барања, меѓу кои враќање на старата цена на електричната енергија и професионализација на Регулаторна комисија на енергетика.

По говорот на Мицкоски, протестот на ВМРО-ДПМНЕ заврши, а некои од демонстрантите продолжија да извикуваат „мафија“ и „Македонија“.