НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ЗЕМЈАВА СЕ ИСКАЧИ НА 16,7 ПРОЦЕНТИ

0
99

И покрај олеснувањето на мерките за борба против Ковид-19, невработеноста во земјата се искачи на 16,7 проценти во второто тримесечје, покажуваат податоците од последниот извештај на Државниот завод за статистика. Заводот проценува дека 159 623 мажи и жени во земјата биле невработени во последното тримесечје година.

Во споредба со првите месеци од 2020, бројот на невработени се зголеми за околу 3 000.

Но Агенцијата за вработување дава подраматични бројки. Во јуни бројот на невработени се зголемил за 27 639 лица во однос на февруари, односно пред појавата на крона вирусот. И бројката на невработени изнесува 133 455 лица.

Од Агенцијата објаснуваат дека од 11март до 31 авгус 12. 580 лица прекинале да работат. 45% од нив им истекол договорот на определено, 23% спогодбено си заминале од работа, а останатите добиле отказ или фирмата отишла во стечај.

Од Бизнис конфедерацијата велат дека државата можела повеќе да направи за да ги зачува работните места.

„Прво, дали беше доволно како сума на пари? Не беше, бидејќи треба да бидат опфатени сите за да покаже државата дека е социјална и дека се грижи за сите, без оглед на тоа кој колкави примања има. Мислам дека подеднакво требаше да ги третира сите граѓани. Второ, нивото на плати треба да биде почитувано согласност со колективните договори и со Законот за работни односи за да може да имаме ефект и во економијата и во социјалната сигурност. И Владата требаше да биде мудра и одлучна да ги симне на 70% платите на вработените во јавната администрација, бидејќи синдикатите се имаат договорено за таква можност во вонредна состојба.“ – вели Миле Бошков, Бизнис конфедерација на Македонија.

Бизнис конфедерацијата оценува дека во корона кризата вработените во јавниот сектор излегоа попривилегирани во однос на приватниот.

„Има дејности во кои вработени немаат влезено на работа по шест месеци, а се уште земаат полни плати. Тука станува збор за етика, за чувства и за одговорност кои ќе треба оваа влада да ги покаже на дело. За во иднина, бидејќи ова ќе трае се надевам дека ќе има поголема еднаквост во однос на третирање и во почитување на сите граѓани“.

Од корона кризата, во работата повеќе настрадале мажите. Стапката на невработеност кај нав е зголемена за 6,9% во однос на лани. И според статистиката без работа се сега 94 илјади. Невработеноста кај жените е намалена.

Извор Тв24