Нови вработувања на пожарникарите, ама платата на луѓето кои спасуваат животи и работат во чад нема да се зголеми

0
103

Нови триесет пожарникари и пожарникарска скала, најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, но вели не може да им ја зголеми платата.

-Градот, за жал, не е тој кој што ја определува висината на платата на пожарникарите и надоместокот кој што го добиваат. Тоа е нешто што го трансферираме до пожарникарите по пат на блок дотациите кои што ги добиваме од централната власт, како што е случај со негователките во градинка и наставниците, значи не е нешто што зависи од нашата одлука. Сепак, мораме да водиме сметка за буџетските биленси што ги имаме, што на Град Скопје, што на централно ниво. Но, мислам дека ќе се изнајдат средства за да им се зголемат платите на пожарникарите, рече Шилегов.