Нови министри стари ветувања во областа на инфраструктурата

0
88

Претставувајќи ги приоритетите во работата и насоките и проектите од мандатното писмо од премиерот, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски најави дека ќе се продолжи со поинтензивна изградба на автопатот Кичево – Охрид, како и дека во овој мандат целосно ќе го реконструираат патниот правец од Струга до граничниот премин Ќафасан.

Бочварски вети и дека ќе почне постапка за проширување на автопатот од Тетово до Гостивар.

Се врши проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево со што целиот Западен Коридор 8 ќе биде нова и модерна врска. Исто така, продолжуваме и со изградба на автопатот Скопје – Блаце, заради зголемување на трговската соработка и можност на нашите компнии за излез на пазарот во Косово. Понатаму, продолжуваме да ги градиме експресните патишта: втората фаза од Штип – Радовиш, втората делница од Штип – Кочани, Ранковце – Крива Паланка и Градско – Прилеп. Започнуваме со изработка на проектна задача за Автопат Прилеп-Битола. Во овој мандат ќе работиме на започнуваме со изградба и на нови два експресни патишта: Смоквица – Струмица – Ново Село, како и Битола – граничен премин Меџитлија со обиколница Битола – вети Бочварски.

Како што најави Бочварски, власта се обврзува да спроведе и рехабилитација на преку 1000 километри магистрална и регионална патна мрежа.