Пендаровски по Советот за безбедност: Безбедноста е стабилна, и не очекуваме да биде загрозена во блиска иднина

0
146

Претседателот Стево Пендаровски по одржување на Седница на Советот за безбедност, заклучи дека состојбата во земјата и во регионот е стабилна, и дека не се очекува дополнително да биде загрозена во блиска иднина.

„Советот заклучи дека состојбата во земјата и во регионот е стабилна, и не може да биде загрозена нашата безбедност.
Во идните неколку месеци би можел да биде проблем евентуален нов бран на мигрантска криза.

Најголема криза во моментов е пандемијата на Ковид-19. Пандемијата продира во сите полиња. За првпат годинава имавме вонредна состојба, а армијата и полицијата имаа сосема поинаков вид на задачи.
Пандемијата останува најважниот предизвик и во следните месеци, но не очекуваме дека ќе има развој кој ќе влијае на општата безбедност.

Безбедносните служби ќе продолжат да ги следат трендовите кај нас и во регионот, сите потенцијални закани и ризици, и за тоа ќе продолжат да го информираат државниот врв и Советот“, рече Пендаровски.