Пензионирањето на 64 и 62 години нема да биде задолжително за приватниот сектор

0
131

Задолжителното пензионирање на работниците на 64 години кај мажите и 62 години кај жените нема да важи за приватниот, туку само за јавниот сектор, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

– Тоа е закон кој што ќе ги вклучува сите вработени во јавниот сектор и ќе остава можност и за исклучук во реалниот сектор, каде работникот и работодавачот со заемен интерес би се договориле за продолжување на работниот век, одговори Шахпаска на новинарско прашање.

Министерката ги најавиј законските измени за пензионирање кои влегуваат во законска процедура, според кои работниците кои наполниле 64, односно 62 години, задолжително ќе одат во пензија.

Шахпаска рече дека ова нема да важи за здравствените работници и соработници, како и најверојатно за универзитетските професори.