Повик за уривање на сите дивоградби

0
102

Целосно е урната дивоградбата кај „Мавровка“. Само рушевини и остатоци говорат за активностите кои изминативе три дена ги презеде „Македонија пат“ врз спорниот објект кој деновиве беше една од главните градски теми. На терен денеска мирно, без механизација, а на местото на кое беа подигнати големите бетонски стплбови, денеска само остатоци од арматурата.

Дивоградбите во Скопје, но и ширум земјава и денеска главна тема за препукување меѓу власта и опозицијата, но и градските власти.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак обвини но и побара од власта да ги испратат багерите и до Попова Шапка, по примерот на објектот кај „Мавровка“.

По прозивките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на адреса на власта околу дивоградбите, се огласи и заменик-претседател на Владата, Артан Груби кој како и до сега во неколку наврати повторно алармираше и ја обвини најголемата опозициска партија дека, како што рече, дивоградба е и терасата на партиското седиште на опозиционерите.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов пак и денеска во изјава за медиумите посочи дека во градското подрачје има околу 140-тина дивоградби, но сите тие не се под ингеренции на Градот.

Проблемот со дивоградбите на ниво на цела територија и натаму во фокусот на јавноста. И натаму останува отворено прашањето и за дивоградбите во Охрид и Струга кои како градски теми побудуваат интерес, особено кај граѓаните на овие места кои се соочуваат со оваа проблематика.