Прегазено 8 годишно дете кај Шарена Џамија

0
168

Дете на осумгодишна возраст е тешко повредено откако било прегазено во близина на Шарената џамија во Тетово и веднаш било префрлено во Тетовската клиничка болница.

„Во Тетово, на улицата „Илинденска“ во близина на „Шарена џамија“ било повредено осумгодишно дете. Според информациите на СВР Тетово, додека поминувало улица, во него удрил автомобил „фолксваген-поло“ што го управувал Х. И. од тетовското село Непроштено. Детето набрзо по несреќата било пренесено во Тетовската клиничка болница, каде заради здобиените повреди е зaдржано на лекување“, велат од МВР.