Пред Бундестагот во Берлин се поставени 13.000 празни столови (ВИДЕО)

0
100

Пред Бундестагот во Берлин се поставени 13.000 празни столови (ВИДЕО)
Пред Бундестагот во Берлин денеска се поставени 13.000 столови во знак на солидарност.

Повторувајќи го повикот на Германија да прифати мигранти кои сега се сместени на грчкиот остров Лезбос, активисти од неколку организации, вклучително и оние кои работат на спасување мигранти на море, поставија 13.000 столови пред зградата на германскиот парламент во Берлин, за да ги симболизираат жителите на кампот. .

Покрај големата пренатрупаност, проблем во логорот Морија на Лезбос е појавата на корона вирусот, а подготвеност за прием на мигранти е изразена од некои германски градови и сојузни држави, пренесува АП.

 

 

Максималниот капацитет на кампот Морија е 2.757 места, но на крајот на август, бројот на неговите жители достигнал 12.714.

Германските федерални власти се обврзаа да прифатат вкупно 243 деца кои се сместени во камповите за мигранти во Грција, на кои им треба медицинска помош, како и на нивните најблиски роднини.

Досега пристигнале 99 такви деца во Германија, а 53 деца без придружба се прифатени.