Пресврт: Мората доаѓа во Јувентус, Суарез оди во Атлетико Мадрид

0
161

Луис Суарез во Атлетико Мадрид, Алваро Мората во Јувентус. Таква би требало да биде разврската од овој пост-корона трансфер период. Клубовите кои беа во потрага по напаѓачи веќе мораат да ги затворат договорите бидејќи сезоната започна.

Мората е пред враќање во Торино, откако угледниот Џанлука Ди Марцио потврди дека Јуве се договори со Атлетико. Формулата на трансферот е комплексна, па „старата дама“ ќе плати прво девет милиони за едногодишна позајмица, а следното лето ќе има опција да го купи Мората за 45 милиони. Доколку не се реши на овој чекор, Јувентус има право да го доведе фудбалерот на уште една позајмица, а според Ди Марцио сè е договорено и следи само уште да се парафира договор.

Од друга страна, Атлетико Мадрид ги договори условите со Барселона и Луис Суарез ќе пристигне во тимот на Чоло Симеоне. Сепак, прво мора да се комплетира заминувањето на Мората, бидејќи еден од двајцата би бил прекуброен.