Расте бројот на загинати во падот на авионот во Украина

0
125

Според прелиминарните информации, 25 лица загинале. Две се превезени во болница во тешка состојба“, наведуваат од канцеларијата.

Според наводите на украинските служби за вонредни ситуации, 27 лица се наоѓале во авионот, а не 28, како што претходно беше објавено, пренесе „ТАСС“.

Од канцеларијата наведуваат дека е покрената кривична постапка поради обвиненија за кршење на правилата за безбедност при летање и подготовка на лет, „кои довеле до катастрофа и други сериозни последици“.

Од канцеларијата наведуваат дека е покрената кривична постапка поради обвиненија за кршење на правилата за безбедност при летање и подготовка на лет, „кои довеле до катастрофа и други сериозни последици“.

Во меѓувреме, властите во Харковската област во Украина прогласиле денес национален Ден на жалост заради настраданите во падот на украинскиот авион Ан-26.

Во уредбата, објавена на сајтот на администрацијата, се наведува дека на Денот на жалост националното знаме ќе биде спуштено на половина копје на сите државни згради, претпријатија, агенции и организации.

Сите забавни и спортски настани, според препораките би требало да бидат откажани, пренесе „ТАСС“.

На интернет се објавени снимки од местото на падот на авионот.

Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека денес ќе ја посети Харковската област, каде се урна авионот Ан-26.