Роботи ќе ве предупредуваат да носите маски

0
236

Инженерите конструираа робот што регистрира дали во продавницата луѓето носат заштитни маски против коронавирусот, и доколку тоа не е случај, љубезно ги замолува да го сторат тоа.

Ова е новата способност на хуманоидниот робот „ Pepper“, кој се користи во некои земји од порано, каде ги поздравува посетителите на продавниците, изложбите и другите јавни места, пренесува „Ројтерс“.

Тој функционира така што камерата која е вградена во него ги скенира лицата на луѓето кои му се доближуваат. Доколку детектира дека долната половина на нивното лице не е прекриена, роботот ги потсетува дека треба да носат заштитна маска.

Ако посетителите тогаш стават маска, роботот им се заблагодарува. Креатор на овој проект е компанијата „Soft Robotics“