САД, Србија и Косово за Нобеловата награда за мир

0
77

Шведскиот пратеник Магнус Јакобсон поднесе иницијатива за номинирање на владите на САД, Србија и Косово за Нобеловата награда за мир.

Како што соопшти, бил поттикнат од Вашингтонскиот договор меѓу Белград и Приштина за нормализирање на економските односи, за кој смета дека го трасира патот за постигнување мировен договор меѓу двете страни.

Овој демохристијански политичар на својот профил на Твитер напиша дека денеска ја предал номинацијата до Шведската академија на науките, која ги доделува Нобеловите награди.

„Затоа сакам да ги номинирам Владата на Соединетите Американски Држави, Владата на Косово и Владата на Србија за Нобеловата награда за мир, бидејќи овој договор има за цел да го елиминира ризикот од нови конфликти на Балканот и води поблизу до мир и меѓусебно признавање“, напиша тој на Твитер.

Тој потсети дека кон крајот на 90-тите, Европа беше погодена од крвава војна во која, различни делови на поранешна Југославија се бореа едни против други на етничка и верска основа.

„По завршувањето на војната, беше тешко да се најде начин за помирување, како што се гледа во односите меѓу Косово и Србија. Во последниве години, имаше ситуации кога оние од нас кои го следат развојот на настаните на Балканот се загриживме дека може да се појават нови конфликти. Затоа, многу е важно да се види дека претседателот Доналд Трамп и неговата администрација, заедно со владите на Косово и Србија, постигнаа напредок во преговорите за нормализирање на економските односи“, се додава во предлогот.