СЗО: Европа може да живее со пандемијата и без вакцина

0
95

На денот кога ќе ја прославиме победата над пандемијата, тоа нема да биде потребно затоа што сме ја имале вакцината.

„Toе ќе се случи кога ќе научиме да живееме со пандемијарта, а тоа може да биде веќе утре“, рече Клуге во интервју за Скај Њуз.

На прашањето дали очекува повторно воведување на построги итни мерки поради вториот бран на пандемијата, тој одговори негативно.

„Не, јас сум оптимист, но сè уште не ја исклучувам можноста за воведување локални мерки за итни случаи во фокусните области“.

Шефот на шведската агенција за јавно здравје, Јохан Карлсон, исто така верува дека пандемијата на „ковид-19“ не само што ќе може да се запре со вакцина, туку и голем број превентивни мерки ќе мора да останат на сила во догледно време.

Новата вакцина против ковид-19 „веројатно ќе биде важна алатка“, но не и алатка што претставува крајно решение за проблемот, рече Карлсон, чија земја се одлучи за контроверзен модел според кој голем дел од општеството беше поштеден од рестриктивни анти-епидемиски мерки.

Шведската министерка за социјални работи Лена Халенгрен изјави дека новата вакцина против ковид-19 најпрво треба да им се дава на луѓето постари од 70 години, лица со ризик, како и медицинскиот персонал и негувателите.