Тројца починати, 148 новозаболени и 65 оздравени од Ковид-19 во последното деноноќие

0
136

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 148 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 50 во Скопје, 18 во Кочани, по 11 во Берово и Тетово, 9 во Прилеп, по 6 во Битола, Кавадарци, Струмица, Свети Николе, 5 во Кичево, 4 во Куманово, 3 во Гостивар и Крива Паланка, по 2 во Штип, Велес и Дебар, и по еден во Гевгелија, Радовиш, Валандово и Неготино.

Од МЗ соопштуваат дека во болнички услови починале три лица, односно, 3 пациенти од Прилеп (62г), Кочани (87г) и Гостивар (64г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17629, бројката на оздравени пациенти е 14581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2323, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие се направени 1224 тестирања.