УСВОЕНА ПРЕДЛОГ ОДЛУКАТА ЗА СОБРАНИСКИТЕ ТЕЛА

0
86

Со 98 гласа за без ниту еден против и 4 ца воздржани – народните избраници на пленарка и официјално ги усвоија работните тела во законодавниот дом односно 20 те комисии кои беа неопходни да се формираат за да стартува собранието со работа.

На гласањето му петходеа процедуранлине забелешки но и реплики и контра реплики на пратениците откако опозициската ВМРО ДПМНЕ на почетокот побара најпрвин да биде донесена одлуката за формирање на работните тела а потоа да се расправа за составот и членовите. Пратеникот Антонио Милошовски со обвинување до собранискиот спикер Џафери но и пратениците од парламентарното мнозинство дека не го почитуваат деловникот за работа , на што Џафери пак возврати дека пратениците од ВМРО ДПМНЕ го читаат само како што нив им одговара .

Покана од говорницата – знаењата да ги мерат и на собраниските комисии до патениците од власта упати и Силјановска Дафкова откако изрази сомнеж дека Комисијата за избори и именувања со која претседава Костадин Костадинов ќе функционира професионално. На ова пак пратениците од парламентарното мнозинство и возвратија дека ова е парламент а не правен факултет .

Распределбата на силите според комисии во законодавниот дом е поделена така што СДСМ и Беса претседаваат со 7 комисии , ВМРО ДПМНЕ добива 8 претседателски места во работните тела , интегративците 3 заклучно со уставната со која претседава собранискиот спикер Џафери, а Алијансата и Алтернатива ќе претседаваат со Труд и социјала и Анкетната комисија . Втората точка за која се расправаше на оваа седница беше и верификацијата на мандатот на пратеничката Емилија Рамбабова која доаѓа на местото на Јагода Шахпаска која сега веќе е и министер за труд и социјала.