Филипче: Ако епимиолошката слика е стабилна, можно е во ноември и други групи деца да одат физички во школо

0
172

Министерот за здравство, Венко Филипче, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат појасни дека ограничувањето на бројот на ученици во училиштата, односно следење на наставата со физичко присуство само на паралелки од прво до трето одделение се презема за да се заштити здравствениот систем од преполнување на болниците во случај на нагло зголемување на бројот на заболени од сезонски грип и од Ковид-19 во месеците што следат.

„Ако епидемиската слика е добра, во почетокот на ноември ќе дадеме дозвола уште некоја група од децата да биде со физичко присуство. Четврто, петто одделение, шесто…, можеби прва година средно…Сакаме да видиме каков ефект ќе има врз епидемиската слика во септември, на крајот, потоа во октомври, за да знаеме какви препораки да дадеме за последните два месеца од годината“, рече Филипче.